Џеј Рамадановски стана дедо

Ана Рамадановски, ќерката на популарниот пејач Џеј, се породи вчера во приватна болница во Белград. Ана е мажена со пејачот Адил и ова е нивно второ дете. Двојката веќе има син, а Џеј не крие дека внукот Адријан е негов миленик.

Инаку, Џеј со години не разговара со Адил, откако тој ја натепа Ана, па таа си отиде од семејниот дом и се врати да живее со родителите. Ана и Адил се смирија, но оттогаш Џеј одбива секаков контакт со зетот.

Ана и Адил

И во интервју за „Репортер“ неодамна, Џеј рече дека нема да му прости на Адил што ја малтретирал неговата ќерка.

„Адријан е мангуп на мене. Го обожавам, му дозволувам буквално да ми се качува на глава“, ни рече тогаш Џеј.

Ексклузивно со Џеј: Земав кокаин, крадев и сѐ уште пијам

 

Текстот Џеј Рамадановски стана дедо е превземен од Reporter.mk.