Џејми Оливер ги претстави своите најдобри рецепти од Италија

Популарниот готвач Џејми Оливер ги претстави своите најдобри рецепти од Италија. Тој во својата книга на рецепти „Италија на начинот на Џејми“, ги откри своите најдобри рецепти од Апенинскиот полуостров.

Џејми Оливер е глобален феномен кога е во прашање храната и кампањите поврзани со исхраната. За повеќе од дветнаесет години, колку што ги води телевизиските емисии и објавува книги, Џејми инспирираше милион луѓе да уживаат во домашното готвење со свежа и вкусна храна.

Низ своите добротворни организации, Џејми работи на промена во исхраната на глобално ниво, настојувајќи да почне прехрамбена револуција со која ќе се намали стапката на здебеленост кај децата и на сите да им донесе здравје и среќа низ храната.

Текстот Џејми Оливер ги претстави своите најдобри рецепти од Италија е превземен од Reporter.mk.