Џејмс Бонд ќе стане татко

Во најновото продолжение на филмот за Џејмс Бонд, No Time To Die, тајниот британски агент ќе стане татко, открива исајдер кој работи на франшизата за светските медиуми.

„Да, вистина е. Џејмс Бонд ќе стане татко. Тоа е единствената работа која обожавателите на овој филм никогаш не би ја очекувале“, открива изворот за светските медиуми.

Џејмс Бонд е познат заводник, кој често сака да се опушти со чаша вино и да вози скапи автомобили. Но, се чини дека во надоаѓачкиот филм No Time To Die, режисерот решил да го смири и да го направи семеен човек.

Даниел Крег (52) за последен пат се појавува во улогата на славниот шпион, а сега дознава дека е татко на петгодишната Матилда, која ја добива со Меделин Свон, која ја глуми Леа Сејдо.

„Бонд отсекогаш со својот шарм го освојуваше срцето на бројни убавици, но без никакви последици по тоа. Тоа што Џејмс станува татко, отвора цел нов свет на драма и развива нова приказна. Кога Бонд ќе дознае дека има дете, тоа е составен дел од сценариото. Шокирачко и преполно со пресврти“, вели изворот.

Агентот, наводно е среќен поради улогата на татко. И самиот Даниел Крег вели дека сакал овој филм да биде преполн со изненадувања и забава. Во No Time To Die, Бонд ќе се бори и против пандемијата.

„Не станува баш збор за „Ковид-19“, но е нешто слично на тоа“, вели изворот.

 

Текстот Џејмс Бонд ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.