Џејмс Дин пред да стане ѕвезда, работел на паркинг само за да се пррехрани

Американскиот филмски глумец, е првиот кој бил постхумно номиниран за наградата „Оскар“. Тој е роден на денешен ден пред 89 години. Биле доволни само три филма, за генерациите се сеќаваат и 65 години по неговата смрт. Дин бил голем фраер, кој на 19 години почнал да глуми на телевизија и во филм.

Прв го забележал Елија Казан и по првата главна улога, Дин станува ѕвезда за која полудувале тинејџерките. Џејмс Дин загинал во 1955 година во автомобилска несреќа. Со новото „Порше“, тој се удира во друг автомобил. Сударот бил фронтален, а Дин од силината на ударот го скршил вратот и починал на лице место. Имал само 24 години.

Во филмот кој ќе стигне оваа година во кината, со помош на специјални ефекти, луѓето во Холивуд ќе се обидат да го оживеат неговиот лик. Филмот ќе се служи со технологијата full body, кој создава слика на некој, темелена на архивски фотографии и снимки.

„Семејството тоа ќе го доживее како негов четврт филм, кој никогаш не успеа да го сними“, изјавил Антон Ернст, кооснова на филмот од Тати Голукх.

Животот на Џејмс бил завиткан во велот на тајни, од жените со кои се дружел психичките проблеми кои го погодувале, па се до хомосексуалноста. Единствено нешто што е сигурно за него е дека бил талентиран за глумата.

Џејмс работел во градот Марион во Индиана во 1931 година, а веќе во 1935 година, се преселил во Калифорнија. Мајка му починала многу рано, пред да наполни девет години и тоа е нешто кое многу го погодило. По смртта на неговата мајка, Џејмс се вратил со татко му во Фермонт.

Во средношколските денови бил вистинска ѕвезда. Играл кошарка и се занимавал со атлетика. Се запишал на факултет во Лос Анџелес, каде живеел со татко му и маќеата. Поради турбулентнио живот, Џејмс ги напуштил студиите. Негов пријател го наговорил да се преселат во Њујорк, за да ѝ се посвети на актерската кариера.

За да има пари за храна, работел на паркинг пред CBS студиото, а првата работа како глумец му била во рекламата за еден газиран пијалок. Кога се запишал на актерската школа UCLA ја добил првата улога во претставите на Бродвеј, а потоа преминал во „Холивуд“. Многумина го нарекувале новиот Марлон Брандо.

 

Текстот Џејмс Дин пред да стане ѕвезда, работел на паркинг само за да се пррехрани е превземен од Reporter.mk.