Џенифер Анистон додека е во изолација си го среди плакарот

Џенифер Анистон ,  ѕвездата од „Пријатели“ го средува својот плакар додека е во  самоизолација поради коронавирусот.  Актерката, која живее на имот од 8500 квадратни метри во Бел Ер, Калифорнија, полесно ја поднесува изолацијата занимавајќи се со својот орман.

Презентерката Елен Деџенерiс ја повика Џенифер и го пренесуваше разговорот на нејзиниот профил на „Инстаграм“, а популарната актерка откри колку време веќе го средува своето катче.

„Здраво Џен, овде е Елен. Што правиш?“, презентерката ја праша актерката.

„Па, нема голема разлика откога последен пат ме повика пред триесет минути“, рече Џен.

„Сè уште го средувам плакарот. Тоа сè уште го правам“, додаде актерката.

Презентерката и предложи на Анистон да започне со пролетно чистење додека мора да седи дома поради пандемијата на коронавирусот.

 

 

 

Текстот Џенифер Анистон додека е во изолација си го среди плакарот е превземен од Reporter.mk.