Џенифер Анистон зажалила што ја запознала Анџелина Џоли

Џенифер Анистон за Vanity Fair, раскажала за времето кога за прв и единствен пат ја сретнала Анџелина Џоли, која подоцна ќе стане партнерка на нејзинот тогашен сопруг Бред Пит.

Анитон која на публиката и е позната по улогата на Рејчел во хумористичната серија „Пријатели“, раскажа дека, додека снимале на еден паркинг, таа случајно се видела со Џоли, која во тоа време работела со Бред Пит на снимање на еден филм.

„Бред е многу возбуден што може да работи со тебе. Се надевам дека добро ќе се забавувате“, и кажала Анистон на Џоли во тој момент, не насетувајќи дека средбата меѓу Пит и Џоли ќе значи крај на нивниот брак.

Анистон вели дека не можела да знае дека, седум години помладата нејзина колешка, ќе го освои нејзиниот сопруг и дека ќе стави крај на нејзиниот брак.

Како што пренесуваат странските медиуми, причината за разводот меѓу Бред Пит и Џенифер Анистон, била Анџелина Џоли, глумица во која актерот се заљуби на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Џенифер и Бред се разведоа во 2005 година, по пет години брак, а како што велат тие, и на двајцата им било потребно многу време да се опорават од тој шок.

 

 

 

 

Текстот Џенифер Анистон зажалила што ја запознала Анџелина Џоли е превземен од Reporter.mk.