Џенифер Лопез стигнала во Турција со 230 куфери

Џенифер Лопез одржа концерт во Анталија, а според пишувањето на турските медиуми, во летувалиштето стигнала со 230 куфери и со екипа од 90 луѓе. Дениз Устертуна, член на Управниот одмор на хотелот во кој Џенифер поминала две ноќи, вели дека подготовките траеле цела година, а последните шест месеци биле интензивирани.

Според неговите зборови, пејачката стигнала со поголема екипа од што очекувале.

„Само во нејзината екипа имаше 90 луѓе. Куферите и опремата стигнаа со 10 камиони. Концертот го подготвивме со екипа од 230 луѓе, а беше ангажиран и хотелскиот персонал. Минимум 520 луѓе беа ангажирани на целиот настан. Пејачката имаше 230 куфери“, раскажува Устертуна.

Меѓу посебните желби на латино-ѕвездата била и водата што се нарачувала од странство.

„Бараше јадењата да не бидат премногу лути. Ги проба сите десерти. Посебно ѝ се допадна медот, мармаладот од малина и омлетот за појадок“, откри првиот човек на анталискиот хотел.

На концертот во Анатлија и дојдоа речси сите познати глумци од Турција.

Текстот Џенифер Лопез стигнала во Турција со 230 куфери е превземен од Reporter.mk.