Џиџи Хадид сака да биде во поротата за судењето на Вајнстајн

Светскиот модел Џиџи Хадид сака да биде во поротата за судењето на познатиот холивудски продуцент Харви Вајнстајн. Таа вели дека добила повик и се појавила со другите кандидати.

Хадид живее на Менхетен во Њујорк и се јавила на првите сослушувања, пренесува „Тајм“. 24-годишниот модел вели дека со тоа ја исполнила својата општествена должност.

За време на изборот на судските поротници Хадид признала дека во минатото имала неколку средби со Вајнштајн и со актерката Салма Хајек, која исто така ќе биде повикана како сведок.

„Сосема сум способна да ги согледам фактите без никакви предрасуди“, објаснила Хадид во судот.

Вајнстајн е обвинет од над 80 жени за сексуални напади. Меѓу нив има две со потешки обвиненија, кои се однесуваат за силување. Харви би можел да се соочи со доживотна казна затвор ако биде осуден.

Неговата одбрана ги негира ваквите обвиненијата, тврдејќи дека нивниот клиент е невин. Американските медиуми пренесуваат дека селекцијата на поротници ќе биде долг процес и дека двете страни ќе се обидат да ги отфрлат сите оние за кои ќе сметаат дека се неподобни.

Досега се повикани 108 од 360 њујорчани, кои ја минале првата проверка. Поротата ќе биде составена од 12 луѓе и засега не се знае дали Хадид ќе биде една од нив.

Текстот Џиџи Хадид сака да биде во поротата за судењето на Вајнстајн е превземен од Reporter.mk.