Џон Бон Џови стана доктор на науки

Пејачот Џон Бон Џови стана почесен доктор на науки за музика, а титулата му ја врачи Универзитет во Пенсилванија. Универзитетот го наградил пејачот со оваа титула заради неговиот исклучителен придонес на полето на музиката, но и заради општествено-корисните активности за намалување на сиромаштијата и гладот во светот преку неговата фондација Jon Bon Jovi Soul Foundation.

„Подобро да бидеш доктор, отколку да ти треба доктор“, напиша пејачот покрај сликите што ги сподели на инстаграм-профилот.

Доделувањето на дипломите се одржа на 20 мај.

 

Текстот Џон Бон Џови стана доктор на науки е превземен од Reporter.mk.