Џони Деп го повреди вратот во Црна Гора

По снимањето во Србија , холивудскиот актер Џони Деп продолжи со снимањата во Црна Гора. Но уште на почеток на снимањето  се повредил. Според медиумите во Србија, актерот на снимањето си го повредил вратот , па продукцијата повикала физијатар , докторката Рената Бергам Грандис , инаку началничка на болницата во Рисан.

Таа на актерот му го имобилизирала вратот , му дала совети и со фотографија од својот славен пациент се пофалила на Фејсбук.

Текстот Џони Деп го повреди вратот во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.