Џони Деп како Џек Спероу ги посети болните деца

Облечен во костимот на Џек Спероу, американскиот актер Џони Деп ги изненади пациентите и медицинскиот персонал на одделот кадешто се лекуваат деца заболени од рак, на Институот „Кири“ во Париз.

Ѕвездата на филмската сага за пиратите од Карибите разговараше со децата и се фотографираше со нив, како што направи и изминативе години за време на празниците во болниците во Ванкувер, Лондон и во Бризбејн.

„Ова е подарок кој ги развесели пациентите, семејствата, медицинскиот персонал, лекарите и научниците. Голема благодарност за Џони Деп за неговите време, утеха и енергија“, соопшти Институот.

„Дизни“ неодамна потврди дека Џони Деп нема да го игра Џек Спероу во новата верзија на „Пиратите од Карибите“.

Текстот  Џони Деп како Џек Спероу ги посети болните деца е превземен од Reporter.mk.