Џони Деп сакал да ја запали и силува Амбер Херд

Глумецот Џони Деп ѝ се заканил на неговата поранешна партнерка Амбер Херд дека ќе ја силува и запали. На последното прелиминарно сослушување во Вирџинија беа објавени пораките кои глумецот му ги испратил на својот пријател Пол Бетануј, а кои беа објавени од новинарката на порталот PageSix, Емили Смит.

„Ајде да одиме да ја запалиме Амбер. Да одиме да ја удавиме пред да ја запалиме. Потоа ќе ја силувам за да се уверам дека е мртва“, пишува во пораката која Деп му ја испратил на својот пријател уште во 2013 година.

Меѓу пораките имало и такви од 2014 година, во кои пишува дека Деп ја удирал Амбер со чизми, сè додека таа не се онесвестила.

„Испив половина шише виски, Ред бул, вотка, апчиња, две шишиња шампањ во авионот“, му пишува Деп на Бетануј.

Адвокатите на глумецот тврделе пред судот дека Херд ги измислила сите овие работи. Амбер се разведе од Џони Деп, по петгодишна врска и година дена во брак. Таа побара развод во мај 2016 година, а веднаш потоа добила привремена судска заштита од глумецот, поради наводно насилство во врската.

Драмата меѓу нив двајцата продолжи до ден денес. Глумецот подоцна ја тужеше Амбер за нарушен углед и од неа побара оштета од 50 милиони долари за текстот во кој Амбер го напиша за „Вашингтон Ппост“ во 2018 година.

Амбер е амбасадорка за женските права во Американскиот сојуз за граѓански слободи, па својот углед го искористила и за текстот во кој напишала дека Деп ја злоупотребувал додека двајцата биле во брак.

Текстот Џони Деп сакал да ја запали и силува Амбер Херд е превземен од Reporter.mk.