Џорџ Клуни најплатен актер за 2018 година

Џорџ Клуни се најде на листата на најплатени актери за 2018 година. Клуни, кој и покрај тоа што речиси една година нема снимено филм, се најде на врвот на оваа листа, која секоја година традиционално ја објавува магазинот „Форбс“.

Клуни најмногу заработи од продажбата на својот бренд текила „Казамигос“, вреден 700 милиони долари. Тој заработи околу 233 милиони долари, пишува „Форбс“.

Клуни го престигна довчерашниот лидер на оваа листа Двејн Џонсон, познат под надимакот „Карпата“. Џонсон има заработено 124 милиони долари, додека трет е Роберт Дауни Џуниор со заработени 81 милион долари.

Меѓу најплатените актери за оваа година се и Крис Хемсворт со заработени 64,5 милиони долари. Следува Џеки Џен со 45.5 милиони долари и Вил Смит, кој оствари приход од 42 милиони долари.

Листата на десетте најплатени актери ја пополнуваат Акшај Кумар со 40,5 милиони долари, Адам Сендлер со 39,5 милиони долари, Салман Кан со 38,5 милиони долари и Крис Еванс, кој годинава заработи 34 милиони долари.

Текстот Џорџ Клуни најплатен актер за 2018 година е превземен од Reporter.mk.