Еден милион фанови потпишаа петиција одново да се сними финалето на „Игра на тронови“

Еден ден пред да се прикаже последната епизода од серијата „Игра на тронови“, скоро еден милион фанови ја потпишаа петиција со која од „Ејч-Би-О“ бараат да се пресними осмата сезона. Фановите имаат многу критики за целата сезона и се разочарани од, како што велат слабото сценарио и приказната за некои од омилените ликови.

Петицијата на сајтот Change.org беше лансирана по емитувањето на претпоследната, петта епизода, a од авторите на серијата се бара комплетно да ја „преработат сезоната со нови, компетентни сценаристи“. Во објаснувањето на петицијата се вели дека сценаристите Дејвид Бениоф и ДБ Вајс се докажаа како крајно неспособни и загрижени се оти тие се и режисери на последната епизода што ќе се прикажува вечерва.

Бидејќи новата книга на Џорџ РР Мартин „Ветрови на зимата“ сè уште не е довршена, серијата ќе има поразличен крај.

Серијата заслужува финална сезона што има смисла. Оваа сезона уништи сè што беше градено досега низ серијата, како резултат на избрзано сценарио, слабо развивање на ликовите и, генерално, затоа што на сценаристите им е гајле“, вели еден потписник на петицијата.

Текстот Еден милион фанови потпишаа петиција одново да се сними финалето на „Игра на тронови“ е превземен од Reporter.mk.