Едина Муса раскина со дечкото

Кошаркарката Едина Муса веќе не е во врска со фитнес-тренерот и модел Серџо Спасов. Двајцата ги избришаа заедничките слики од социјалните мрежи и веќе не се следат на „Инстаграм“. Блиски на Серџо ни открија дека тие не се заедно веќе неколку месеци.

За потсетување, Едина пред една година отиде да живее во Мајами. Неколку месеци пред таа да замине во Америка, таму се пресели нејзиното момче. Тогаш за „Репортер“ Муса изјави дека се радува на новите предизвици и дека размислува да остане во Америка засекогаш. Но по четири месеци таа се врати во Македонија. И тогаш се зборуваше дека раскинале со Серџо, никој од нив не проговори јавно за врската.

Претходно, двојката често објавуваше заеднички слики на социјалните мрежи и јавно си изјавуваа љубов, а еден за друг велеа дека си се најголема поддршка и во животот и во кариерата.

Текстот Едина Муса раскина со дечкото е превземен од Reporter.mk.