Елтон Џон: „Мајкл Џексон беше ментално нестабилна личност“

Британскиот пејач Елтон Џон во книгата во која ги напишал мемоарите, го спомнува и името на Мајкл Џексон и нивните заеднички средби. Џон открил дека здравствената состојба на неговиот колега била загрижувачка. Тој не криел дека Џексон бил ментално нестабилна личност и дека неговата состојба се влошувала од ден во ден.

„Го познавав Џексон од од дете. Беше најслаткотото момче кое можете да го замислите. Но, како минуваа годините, тој почна да се одвојува од светот. Правеше работи како Елвис Присли. Земаше разни лекови и дроги. Последен пат кога се сретневме, не можев да го препознаам“, напишал Џон во мемоарите.

Кралот на поп музиката почина во 2009 година, а неговото име повторно се најде во центарот на внимание по објавениот документарен филм на HBO, „Напуштајќи го Неверленд“ и скандалот во кој Вејд Робсон и Џејмс Шејфчук го обвинија Џексон дека сексуално ги нападнал додека биле деца.

Текстот Елтон Џон: „Мајкл Џексон беше ментално нестабилна личност“ е превземен од Reporter.mk.