Британскиот музичар Елтон Џон присуствуваше на премиерата на филмот за неговиот живот, „Рокетмен“, на Канскиот фестивал. По премиерата, заради долгите овации заплака и тој, но и режисерот Декстер Флечер и актерот Тарон Еџертон, кој го глуми ликот на 72-годишната ѕвезда во филмот.
Критичарите за „Рокетмен“ напишаа дека е еден од најискрените биографски филмови во изминатите години, „фантастична музичка драма, која ги погодува сите ноти, особено тажните“.
Сер Елтон Џон, пак, по премиерата постојано ја гушкаше екипата од филмот, а потоа пееше и на забавата организирана во негова чест.
Текстот Елтон Џон плачеше на премиерата на „Рокетмен“ во Кан е превземен од Reporter.mk.