Списанието „Вог“ ја прогласи глумицата Ема Вотсон за најдобро облечена славна личност на годинешниот Вимблдон. Популарната Хермиона од серијалот „Хари Потер“ два пати беше на трибините на најголемиот тениски турнир на трева.
Првиот пат Ема ги воодушевила стилистите на „Вог“ со комбинацијата во бело, со триделен костум дополнет со бела шапка. Втор пат дојде на Вимблдон на машкото финале, облечена во долг фустан на закопчување во беж боја и впечатлив кафеав каиш, кој беше врзан во вид на вратоврска.
На листата најдобро облечени се најдоа уште и Кејт Мидлтон, Натали Дормер, Оливија Мун, Џастин Тимберлејк и Тенди Њутон.
Текстот Ема Вотсон со најмногу стил на Вимблдон е превземен од Reporter.mk.