Ема Вотсон со најмногу стил на Вимблдон

Списанието „Вог“ ја прогласи глумицата Ема Вотсон за најдобро облечена славна личност на годинешниот Вимблдон. Популарната Хермиона од серијалот „Хари Потер“ два пати беше на трибините на најголемиот тениски турнир на трева.

Ема Вотсон

Првиот пат Ема ги воодушевила стилистите на „Вог“ со комбинацијата во бело, со триделен костум дополнет со бела шапка. Втор пат дојде на Вимблдон на машкото финале, облечена во долг фустан на закопчување во беж боја и впечатлив кафеав каиш, кој беше врзан во вид на вратоврска.

Ема Вотсон

На листата најдобро облечени се најдоа уште и Кејт Мидлтон, Натали Дормер, Оливија Мун, Џастин Тимберлејк и Тенди Њутон.

Кејт Мидлтон

Натали Дормер

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Оливија Мун

Тенди Њутон

Текстот Ема Вотсон со најмногу стил на Вимблдон е превземен од Reporter.mk.