Емили Ратајковски должи 120.000 долари кирија, газдата не може да ја исфрли

Манекенката и актерка Емили Ратајковски со нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Меклард должат 120.000 долари кирија за изнајмениот стан на Менхетен.

Британски „Дејли мејл“ пренесува дека изнајмувачот на станот ја обвинил Емили и нејзиниот сопруг, кој е милионер, дека со месеци не плаќале кирија.

Иако киријата за станот во кој живееле месечно чинела 5000 долари, двојката избегнувале да ја плаќаат уште од 2017 година поради дупка во законот.

Сопственикот на станот во кој Емили и Себастијан сè уште живеат, наводно сакал да ги исфрли уште од поодамна на улица, но проблем му правел законот кој не му дозволувал такво нешто, без разлика на тоа што двојката веќе долг период избегнувала да плаќа кирија.

„Тој само сака да го спаси својот дом, стан во кој пред Емили живеел со години“, изјавил за „Њујор тајмс“ неговиот адвокат Мајкл Козек.

Текстот Емили Ратајковски должи 120.000 долари кирија, газдата не може да ја исфрли е превземен од Reporter.mk.