Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа родители

Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова повторно станаа родители. Веста дека Ана се породила ја потврди братот на Енрике, Хулио Иглесијас јуниор, во радио емисија. Откако водителот го прашал дали е вистина дека третпат ќе стане чичко, Хулио одговорил: „Веќе станав!“ Тој не сакал да го открие полот на бебето и рекол дека тоа засега е тајна.

Енрике и Ана ја криеја веста за бременоста, но пред неколку недели шпанските медиуми објавија слики со кои потврдија дека двојката чека бебе. Тие веќе ги имаат близнаците Луси и Николас, кои се родија во декември 2017 година. И тогаш тие криеја дека Ана е бремена, а во јавноста соопштија дека станале родители неколку месеци по раѓањето на децата.

Текстот Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа родители е превземен од Reporter.mk.