Ентони Бордејн целото наследство го остави на ќерката

Славниот американски кувар Ентони Бордејн, кој неодамна изврши самоубиство, во тестаментот поголемиот дел од својот имот во вредност од 1,2 милиони долари го оставил на 11 годишна ќерка Аријана.

Имотот чини 425.000 долари, 35.000 долари се оставени во акции, 250.000 долари во личниот имот и 500.000 долари во нематеријален имот, вклучувајќи ги и авторските права, пренесува Дејли Мејл.

Во обелоденетите судски списи се наведува дека Бордејн имал хипотека во вредност од 1,1 милион долари, но не е познато каде таа се наоѓа.

За многмина вредноста на имотот на Бордејн не е за изненадување, затоа што таа претходно е проценета на околу 16 милиони долари. Извршителот на тестаментот е поранешната сопруга на Бордејн, Отавија Бусија, со која ја имаше ќерката Аријана и од која се имал разведено пред две години.