Ешли Греам стана мајка

Најпознатата плус-сајз манекенка, Ешли Греам, стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Џастин Ервин, добија момче. Веста за раѓањето на бебето, Ешли ја соопшти преку „Инстаграм“.

„Во саботата нашите животи се променија на подобро. Им благодарам на сите на љубовта и поддршката за време на овој неверојатен период“, напиша таа.

Ешли и нејзиниот сопруг се венчаа пред девет години. Ова е нивно прво дете. Неколку дена пред породувањето, Ешли објави гола фотографија од трудничкиот стомак и тогаш откри дека едвај чека да стане мајка.

(Фото) Ешли Греам гола во деветтиот месец од бременоста

Текстот Ешли Греам стана мајка е превземен од Reporter.mk.