Ештон Кучер и Мила Кунис нема да им го остават богатството на децата

Холивудските глумци Ештон Кучер и Мила Кунис нема да им го остават своето богатство на децата. Тие велат дека веруваат во напорната работа и сакаат нивните синови да се научат на ред и дисциплина, па не планираат на своите деца да им остават никакво наследство.

Ештон и Мила заедно се од 2012 година, а се венчаа во 2015 година. Тие имаат мирен брак и приватниот живот го чуваат далеку од јавноста. Синовите скоро никогаш не ги водат со себе на јавни настани.

„Моите деца живеат привилегиран живот, а тоа не ни го знаат. И никогаш нема да дознаат бидејќи нема ништо да им остават. Сите пари ќе ги оставиме на хуманитарни здруженија“ рекол Ештон и додал дека нема потполно да ги остави, туку ќе вложува во нивните проекти.

Текстот Ештон Кучер и Мила Кунис нема да им го остават богатството на децата е превземен од Reporter.mk.