Естетски хирурзи открија што Меган променила кај себе

Светски познатиа естетски хирурзи, открија што поранешната војвотка и сопруга на Хари, променила кај себе. Тие велат и дека голем број од нивните клиентки, бараат да изгледаат исто како Меган.

„Таа има совршен обликуван нос. Правилно и се наместени очите и нејзината брада во облик на буквата V. Таа е класично убава жена. Лицето и има убав облик, а тоа е она што Грците го сметале совршено“, изјавил познат естетски хирург.

Сите жени најмногу се восхитуваат на носот на Меган Маркл. Тој од профил изгледа многу женствено, но експертите тврдат дека тоа не е подарок на мајката природа, туку дека поранешната војвотка посетила неколку пластични хирурзи.

Како што наведуваат тие, од нејзините фотографии од тинејџерските години, јасно се гледа дека нејзиниот нос изгледа покрупно, иако Меган никогаш не признала дека посетила пластичен хирург и дека направила било каква операција.

 

 

Текстот Естетски хирурзи открија што Меган променила кај себе е превземен од Reporter.mk.