Фановите ја нападнаа Амал Клуни дека не изгледа женствено

Сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, Амал Клуни ги загрижи фановите со последните фотографии на кои се гледа дека адвокатката е и повеќе од ослабена.

Славната двојка кои неодамна ја прославија четригодишнината од брак и имаат близнаци, отсекогаш биле под будното око на јавноста. Овој пат Амал го сврте вниманието за време на нејзиното појавување на 15 Женска конференција во Пенсилванија, каде била облечена во црн фустан на копчиња. Имала совршена шминка и фризура, но сепак оние кои ја следат не можеа да не ја забележат нејзината виткост.

Спред расправите кои се покренаа на социјалните мрежи, Камал никогаш не изгледала послабо, а поедини лица порачаа дека треба да се здебели за неколку килограми, затоа што повеќе не изгледа женствено.

Текстот Фановите ја нападнаа Амал Клуни дека не изгледа женствено е превземен од Reporter.mk.