Фикрет и Есра од „Истанбулската невеста“ ќе станат родители

Турските актери Салих Бадемџи и Имер Узгун, познати како Фикрет и секретарката Есра од серијата „Истанбулската невеста“ ќе станат родители. Тие го чекаат своето прво дете, што треба да се роди во септември. Двојката е во врска од 2014 година, а се венчаа во 2015, пишуваат турските медиуми.

Салих и Имер, во моментов кај нас се актуелни со серијата во „Истанбулската невеста“. Салих глумеше и во сериите „Бурни времиња“ и „Вљубениот ерген“. Имер, пак, не е многу позната во јавноста и најчесто игра споредни улоги во популарните турски серии.

Текстот Фикрет и Есра од „Истанбулската невеста“ ќе станат родители е превземен од Reporter.mk.