Филмот ,,Боемска рапсодија” руши рекорди

Заработката од филмот ,,Боемска рапсодија” за групата Квин и легендарниот пејач Фреди Меркјури ги надмина сите очекувања на продуцентите бидејќи за време на првиот викенд од прикажувањето на филмот од продажбата на билети во САД и Канада се заработени 50 милиони евра, а 72,5 милиони ширум светот, објави АП.

Ова е далеку над очекувањата, кои навестуваа дека за време на првиот викенд приходите ќе бидат меѓу 35 и 40 милиони долари.

Текстот Филмот ,,Боемска рапсодија” руши рекорди е превземен од Reporter.mk.