Филмот за Арета Френклин сниман пред 46 години конечно ќе има премиера

Документарниот филм за Арета Френклин снимен пред 46 години ќе ја има својата премиера дури годинава, поточно в понеделник, на 12 ноември, на Фестивалот за документарци во Њујорк.

Автор на филмот Amazing Grace од 1972 година е Сидни Полак, но снимениот материјал со децении чекаше на својата монтажа. На продукцијата ѝ претходеше и лавиринт од правни компликации, но, сепак, филмот е завршен.

Кралицата на соул-музиката почина во август годинава, на 76-годишна возраст.

Текстот Филмот за Арета Френклин сниман пред 46 години конечно ќе има премиера е превземен од Reporter.mk.