(Фото) Адријана Алачки славеше роденден на внуката

Пејачката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, го прослави роденденот на нејзината внука Јана. Јана, која е ќерка на Грациела, почнеше 5 години. Адријана на „Фејсбук“ објави слика од роденденот на внуката и ѝ порача дека таа е нејзиното и сонце и месечина.

„На сонцето сонце, на блесокот оган, на ѕвездата месечина, душата како свемирот… Среќна да е… Среќен роденден Јана“, напиша Алачки.

Пријателите ѝ посакаа уште многу години да се радува со внуката, но и повторно да стане баба „оти од тоа нема поголема радост“.

Инаку, Јана е единствената внука на Алачки. Пејачката е неразделна од девојчето и постојано објавува заеднички слики на социјалните мрежи.

Текстот (Фото) Адријана Алачки славеше роденден на внуката е превземен од Reporter.mk.