(Фото) Адријана Алачки со стари фотографаии потсети на деновите кога станала мајка

 

Адријана Алачки со емотивна порка на социјалните мрежи, го честиташе роденденот на својата ќерка Грациела.

„ Сеќен роденден сонце мајкино.  На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете. Едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете. Тоа дете има дете, семејство свое. Свој човек“, пишива Адријна

Таа велаи :  И тогаш мислите се на квадрат.  Повторно од почеток. И така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи, .Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци. Мојата секојдневна инспирација и дамарот мој.

За потсетување, Грациела е омажена и има ќерка, а Алачки во 2015 година стана баба .

 

 

Текстот (Фото) Адријана Алачки со стари фотографаии потсети на деновите кога станала мајка е превземен од Reporter.mk.