(Фото) Андреа Бочели за ќеф на ќерката се качи на ролерки

Светски познатиот оперски пејач, Андреа Бочели, објави слика на која вози ролерки со осумгодишната ќерка Викторија. Иако Бочели е слеп, тоа не го спречува да се забавува со своите деца, пишуваат светските медиуми. Освен што вози ролерки, Бочели често јава и коњи, а заедно со неговиот брат произведува вино.

Популарниот тенор е роден делумно слеп. На 5 месеци му бил дијагностициран вроден глауком. Додека бил мал, неговите родители барале лек за неговото слепило. Кога имал 12 години родителите го испратиле во институт за слепи, каде што спиел во студентска соба со 64 други деца. Децата играле фудбал со топка чиј звук можеле да го наслушнат при доаѓањето. Андреа бил одличен голман, но еден ден погрешно го насетил движењето на топката, која го удрила по главата и предизвикала хеморагија што го ослепела целосно.

Во операта се заљубил додека поминувал време во болничките кревети. Се смирувал кога го притискал увото до ѕидот за од соседната соба да слуша класична музика. Тогаш решил да студира оперско пеење.

Со сопругата Викторија

Ја запознал својата прва сопруга, Енрика Чензати, една ноќ додека пеел. Се венчале во 1992 година, кога Андреа имал 34 години. Имаат два сина, Амос и Матео, кој последниве години често пее со својот татко. Андреа и Енрика се раведоа 2002 година. Бочели ја запозна сегашната сопруга, Вероника Берти, на забава неколку месеци подоцна. Таа тогаш имала 18 години, а Андреа 44 години. Но, Бочели вели дека тоа било љубов на прв поглед. Нивната ќерка, Вирџинија, се роди десет години подоцна. Тие се венчаа на нејзиниот втор роденден.

Текстот (Фото) Андреа Бочели за ќеф на ќерката се качи на ролерки е превземен од Reporter.mk.