(Фото) Беквалац со вино и без шминка славеше роденден

Наташа Беквалац во вторникот на 25 септември наполни 38 години, а големото изненадување која таа сакаше да и го приреди на публиката е претставувањето на новата песна во емисијата „Амиџи шоу“ токму на тој ден.

Сепак, Беквалац се извини за неможноста тоа да го оствари, и дека и се потребни уште неколку дена за комплетирање на спотот.

Но, иако не гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, Беквалац го одбележа својот роденден со вечера во друштво на сестрите во еден белградски ресторан.

Во лежерно издание, без шминка и со собрана коса, Наташа уживаше во виното и цигарите.

„Мене денес ми е 38 роденден. Емоциите ми се многу помешани денес. Сакам да им се заблагодарам на сите за прекрасните пораки и за љубовта која секојдневно ја чувствувам. Реков дека денес ќе ви го покажам спотот за новата песна. Не можев денес, се откажав и емисијата и подготовките се. Ми треба уште некој ден, ми треба уште време. Не е се како што изгледа. Ни јас не сум како што изгледам. Ве молам извенете. Ако ништо друго, денес ми е роденден па простете ми“, напишала Беквалац на социјалните мрежи.

 

 

Текстот (Фото) Беквалац со вино и без шминка славеше роденден е превземен од Reporter.mk.