(Фото) Бела Хадид без градник, со шлиц до колкови

21-годишниот модел Бела Хадид е заштитно лице на популарниот бренд за накит „Булгари“. На забавата на компанијата што се одржа во Рим, таа се појави во гламурозен златен фустан од „Версаче“, со шлиц до колк и без градник.  Изгледот го надополни со сандали од колекцијата на Канје Вест и со накит од „Булгари“.

На забавата во Рим гости беа и Лили Олдриџ и топ-моделот Џон Кортахарена.