(Фото) Богоев го батали автомобилот

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска на работа отиде со велосипед и се пофали на „Фејсбук“.

„Се приклучив кон Winter Bike To Work Day – Skopje #5. Не само денеска туку секојдневно да го користиме како превозно средство. Си земав обврска дека почесто ќе бидам на велосипед. Здраво е и еколошки исправно. Имајте убав ден!“, напиша Богоев.

Тој рече и дека годинава порано го објавиле Повикот за субвенции на велосипеди, за општина Карпош.

Текстот (Фото) Богоев го батали автомобилот е превземен од Reporter.mk.