(Фото) Браќата Ѓоковиќ како тројца мускетари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека е многу поврзан со своето семејство, особено неговите двајца помлади браќа Марко и Ѓорѓе.

На најдобриот тенисер во светот му навреа спомени од детските денови, па објави стара фотографија направена додека биле деца.

Тројцата се облечени во исто свечено црно палто и бела кошула.

„Буразери! Во Белград пред 100 години кога мама нè облече сите тројца исто. Дали и вие се препознавате?“, напиша Новак емотивен статус со хаштах „Тројцата мускетари“.

 

Текстот (Фото) Браќата Ѓоковиќ како тројца мускетари е превземен од Reporter.mk.