(Фото) Бред Пит и Леонардо ди Каприо го украдоа вниманието во Кан

Холивудските ѕвезди Леонардо ди Каприо и Бред Пит синоќа беа заедно фотографирани на црвениот тепих во Кан. Актерите се појавија со режисерот Квентин Тарантино по повод премиерата на нивното најново филмско дело Once Upon A Time In Hollywood. Бред и Леонардо беа облечени во класични смокинзи.

Покрај нив на црвениот тепих се појавија и Марго Роби и Даниела Пик, сопругата на Тарантино. Марго се појави во црно-бела комбинација од Шанел.

Филмот бил проследен со одушевување, а Тарантино доби овации од публиката за неговото најново филмско дело.

Текстот (Фото) Бред Пит и Леонардо ди Каприо го украдоа вниманието во Кан е превземен од Reporter.mk.