(Фото) Брејк ја покажа ќерката, 19 години помала од најстариот негов син

 

Пејачот и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк и неговата сопруга, поранешната Мис на Македонија, , Драгана Клопчевска, се на семеен одмор во Грција. Ова е нивно прво летување со ќерката Деа која се роди во април годинава .

„Среќна сум многу и едвај чекаме да се роди, а најмногу се радува Давид, кој ќе биде пет години поголем од неговата сестра. Интересно ќе биде дома“, раскажа за „Репортер“ тогаш поранешната Мис на Македонија. И додаде дека дека Марко, првиот син на Брејк, ќе биде поголем 19 години од бебето.

Брејк пак, тогаш ни кажа дека е позитивно изненаден, оти бебето ќе биде девојче.

„Среќен сум многу и позитивно изненаден оти секогаш мислев дека и третото, пак ќе биде машко. Ама, еве сега чекаме девојче, знам дека ќе ме разнежни“, ни изјави тогап Брејк.

Текстот (Фото) Брејк ја покажа ќерката, 19 години помала од најстариот негов син е превземен од Reporter.mk.