(Фото) Брена прогледа, пејачката со ласер ги оперираше очите

Српската пејачка Лепа Брена направила хируршка интервенција на очите. Брена вели дека повеќе не сакала да носи очила и дека побарала помош од специјалист, во клиника каде се прави ласерска операција на очи.

Брена вели дека е воодушевена од резултатите, а споделила и фотографија на социјалните мрежи за време на операциониот зафат.

„Светлост во моите очи. Му благодарам на докторот и неговиот тим за успешната ласерска операција на очите“, напиша Брена на социјалните мрежи.

Многумина од фановите и честитаа, а некои признале дека пејачката ги поттикнала и тие да го посетат истиот специјалист и да ги отстранат проблемите со лошиот вид.

 

Текстот (Фото) Брена прогледа, пејачката со ласер ги оперираше очите е превземен од Reporter.mk.