(Фото) Цеца си купи нова „играчка“ тешка 150 000 евра

Цеца Ражнатовиќ го посети годинешниот Саем за автомобили во Белград, а дома не се врати со празни раце бидејќи на крајот се испазари за скапоцен автомобил.

Фолк-ѕвездата на саемот се дружела со своите пријатели Оливер Мандиќ, Ацо Пејовиќ, како и Саша Поповиќ. Се појави во комбинација што ги воодушеви присутните, со црвен кармин и кошула со едно копче откопчано, па можеле да се забележат грандикот и бојата на кожата. Пејачката цело време била расположена и насмеана.

А имала  голема причина за славење!

Цеца го купила најновиот модел автомобил од марката „Ренџ Ровер“, а се пошегувала дека таа била единствената која тука плаќала.

За новата играчка Цеца искеширала 150 000 евра, а подоле можете да го видите потпишувањето на договорот.

Текстот (Фото) Цеца си купи нова „играчка“ тешка 150 000 евра е превземен од Reporter.mk.