(Фото) Дани Димитровска ја покажа тетоважата

Поп-пејачката Дани Димитровска со својот син ужива во последните денови од летниот одмор. Оставајќи ги зад себе работните обврски и ангажмани, Дани избега од градскиот метеж не некоја од морските плажи. Не ја откри дестинацијата од нејзиниот одмор.

Пејачката убавите моменти ги сподели на социјалните мрежи, а на една од нив може да се види тетоважата која ја има направено на грбот. Фотографиите се дело на нејзиниот син, а Дани напиша дека само тој може да ја развесели.

„Син и другар у едно е најдобрата комбинација што прави една ваква насмевка“, напиша Дани на една од фотографиите.

Текстот (Фото) Дани Димитровска ја покажа тетоважата е превземен од Reporter.mk.