(Фото) Дипломираше Елена Петреска

Пејачката Елена Петреска дипломираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот поп музика. Дипломскиот концерт Петреска го одржа пред неколку дена.

„Кој би рекол, во меѓувреме родив две деца, одев на работа, на настапи… И станав поорганизирана и многу поодговорна личност… Растев. Се будев. Благодарам од целото мое срце на Бог, на Универзумот, на моите професори и на мојот Андреј за поддршката и разбирањето“, вели Елена по дипломирањето. Таа изминатиов перод беше ангажирана околу талент шоуто „Ѕвезда број 1“ каде што беше во жирито.

Текстот (Фото) Дипломираше Елена Петреска е превземен од Reporter.mk.