Некогашната порнокралица Џена Џeјмисон на својот инстаграм-профил покажа како изгледала еден месец по породувањето и како изгледа сега, повеќе од година дена по раѓањето на ќеркичката.
Џејмисон вели дека со овие фотографии сака да испрати јасна порака до сите новопечени мајки.
„На првата слика сум јас, еден месец по породувањето. Ова е вистина и реалност за тоа низ што жените минуваат по породувањето. Уморни и заљубени. Се прашуваат која е таа личност која ги гледа од огледалото. Се сеќавам дека тогаш се фотографирав за да имам потсетник на моето прекрасно, неверојатно тело кое штотуку роди кралица. Но, се сеќавам и дека мислев дека ова никогаш никој нема да го види. Не бев во право“, изјавила Џејмисон.
„Сакам другите мајки да знаат дека сме слични. Дека сите се мачиме. Но, можеме повторно да преземеме контрола. Да преземеме контрола од општеството кое нè тера да мислиме дека ова враќање мора да биде брзо. Да, изгубив многу килограми, да, горда сум на тоа. Но, многу повеќе сум горда на тоа каква мајка сум“, напишала Џејмисон.
Џена се породи во април минатата година, кога на свет ја донесе ќерката Бател Лу. Покрај Бател, Џејмисон ги има и близнаците Џорни и Џеси.
Текстот (Фото) Џена Џејмисон еден месец по породувањето е превземен од Reporter.mk.