(Фото) Едина Муса си фати фитнес тренер

Кошаркарката и фитнес тренер Едина Муса го покажа момчето. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија со фитнес тренерот Серџо Спасов и нејзината внука Луана. „Не е важно што имаме во животот, важни се луѓето кои ги имаме покрај нас“, напиша Едина на сликата.

Пријатели на Едина откриваат дека таа и Серџо се во врска веќе неколку месеци, а се запознале во теретана. Едина врската ја чуваше подалеку од јавноста. Во интервју за „Репортер“ пред три месеци таа откри дека е во врска, но не сакаше да сподели детали.

„Немам време за љубов колку што имам за тренинг и обврски. Ама, да, има нешто ново, само, да оставиме понатаму да ви раскажам за тоа“, рече во интервјуто Едина.

Серџо е модел во агенцијата „Моделс Ин“. Неодамна тој стана заштитно лице на светски познатите брендови Pierre Cardin и Armani за Македонија. Од агенцијата велат дека Спасов е еден од најбараните машки модели кај нас. Досега снимил бројни модни едиторијали, неколку реклами, а во план се и снимања надвор од Македонија.

(А.Ј)

 

Текстот (Фото) Едина Муса си фати фитнес тренер е превземен од Reporter.mk.