(Фото) Една година по смртта на ќерката, скијачот Боде Милер доби близнаци

Поранешниот скијач Боде Милер и неговата сопруга Морган добија близнаци, само една година откако нивната 19-месечна ќерка Емелин се удави во базен. Морган објави фотографии од бебињата и откри дека е пресреќна што станала мајка, но и дека децата се „подарок што ѝ го испраќа нејзиното девојче“.

„Осмиот ноември. Ден што не можеше да биде посовршен да ги донесам овие двајца на свет. Приказната за нивното раѓање е неверојатна и не можам да дочекам да ја споделам со вас. Јас сум неверојатно благодарна за сите овие подароци што ми ги праќа моето девојче“, напиша таа.

42-годишниот Боде и Морган се во брак од 2012 година и заедно го имаат синот Истон. Боде од претходните врски ги има ќерката Несин Дејс и синот Самјуел.

Текстот (Фото) Една година по смртта на ќерката, скијачот Боде Милер доби близнаци е превземен од Reporter.mk.