(Фото) Елена и Гуте од „Гранд“ ќе станат родители

Пејачката Елена Миленковска од „Ѕвездите на Гранд“ ќе стане мајка. Таа и нејзиниот свршеник, пејачот Александар Маринковиќ – Гуте, го чекаат своето прво бебе. Веста за бременоста на Елена, ја објави Гуте на социјалните мрежи на неговиот роденден и откри дека му се испочнила роденденската желба од лани.

„За својот 27 роденден посакав дододина торатата да не ја дувам сам. Универзумот ме послуша и покрај тоа што те испрати тебе Елена, ми испрати и мало чудо кое има околу 300 грама. Многу ме радува што во 2020 година ќе станам татко“, напиша пејачот покрај роденденските слики на кои се гледа дека Елена е бремена.

За потсетување, Александар и Елена се запознаа лани во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а се верија по пет месеци врска. Гуте ја побарал Елена за жена на нејзиниот 26. роденден, а во изненадувањето му помогнале нивните пријатели од „Гранд“. Двојката најави дека ќе прават свадба при крајот на февруари годинава.

Текстот (Фото) Елена и Гуте од „Гранд“ ќе станат родители е превземен од Reporter.mk.