(Фото) Елена Ристеска ги покажа градите на ергенска забава

Во бикини, со цветни венчиња на главите, пејачката Елена Ристеска и нејзините другарки правеа ергенска забава на Халкидики, Грција. Пејачката објави неколку слики од плажа и напиша „Момачка, Влатко“. Па кога пријателите ја прашаа дали мисли на моминска, а не на ергенска забава, таа се пошегува дека ако Влатко е девојче, тогаш му правеле моминска журка. Но, повеќето обожаватели на Елена ги коментираа нејзините разголени гради на сликите. „Тебе ти се најубави… прамените“, „Мачка си како мене“, „Жешка сииии“, „Како ‘Сексот и градот’ сте“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.

Текстот (Фото) Елена Ристеска ги покажа градите на ергенска забава е превземен од Reporter.mk.