(Фото) Ешли Грејам се здебели 22 килограми

Најпопуларната плус-сајз манекенка Ешли Грејам во август ја потврди бременоста и оттогаш постојано споделува фотографии од промените што се случуваат на нејзиното тело.

„Се здебелив 22 килограми и воопшто не ми е гајле за тоа. Никогаш не сум се чувствувала подобро и благодарна сум што телото и мојот син ми дозволија да бидам подвижна и флексибилна како и досега“, напиша таа во објавата на Инстаграм.

Таа открива дека практикува вежбање, јога, акупунктура и лимфна масажа. Овој нејзин потег мотивираше и други мајки да ги споделат нивните искуства со бременоста во коментарите под објавата.

Текстот (Фото) Ешли Грејам се здебели 22 килограми е превземен од Reporter.mk.