(Фото) Ева Лонгорија со синот навива за Мексико

Актерката Ева Лонгорија неодамна стана мајка за првпат на 43 години. На 19 јуни Ева го роди синот Сантијаго Енрике, кого го облече во зелениот национален мексикански дрес со натпис „Санти” и број 8, како жесток обожавател на Мексико и фудбалот, со цел да им даде поддршка на играчите на земјата од која потекнува на Мундијалот во Русија.

„Погледнете кој е подготвен за фудбалски натпревар на Мексико“! – напиша актерката под  фотографијата што ги  воодушеви нејзините обожаватели.