(Фото) Фудбалерот Давид Бабунски стана татко

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски стана татко. Тој на социјалните мрежи објави слика од синот, направедна веднаш по раѓањето, и откри на бебето му го дале името Лиам. „Нашиот втор син Лиам се роди денес и донесе неизмерна среќа и љубов во нашето семејство. Благодарни сме и благословени со неговото раѓање“, напиша тој.

Ова е второ дете на фудбалерот. Тој и неговата сопруга Катарина веќе имаат син, кој се роди лани во мај.

Инаку, Давид е син на легендарниот фудбалер Бобан Бабунски. Тој од пред две години игра јапонскиот клуб „Јокохама“, а претходно настапуваше за „Црвена ѕвезда“ и вториот тим на „Барселона“.

Текстот (Фото) Фудбалерот Давид Бабунски стана татко е превземен од Reporter.mk.